Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Ѓоковиќ иако го загуби првиот сет од Џон Изнер со 7:6 во тај-брекот 7:5 ги доби следните два сета на убедлив начин со 6:1 и 6:2. Дел Потро со истиот резултат 2-1 во сетови го елиминира Григор Димитров. И тој го загуби првиот сет со 6:3, а потоа ги доби следните два со 6:3 и 6:4.
Пласман во четвртфиналето обезбедија уште Давид Ферер по триумфот над Жил Симон со 6:2 и 6:3 во сетови, додека Станислас Вавринка беше подобар од Николас Алмагро со 6:3 и 6:2 во сетови. Вавринка со овој триумф го обезбеди учеството на завршниот Мастерс турнир во Лондон.
Во текот на денот ќе се одиграат уште мечевите: Рожер Федерер – Филип Колшрајбер, Ришар Гаске – Кеи Нишкори, Рафаел Надал – Јиржи Јановиц и Милош Раониќ – Томаш Бердих.


