Вавринка и Гаске го комплетираа списокот за Лондон

Швајцарецот Станислав Вавринка и Французинот Ришар Гаске се пласираа во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Париз и со тоа обезбедија место на силниот турнир во Лондон на кој по традиција играат осумте најдобри светски тенисери.

Освен овие двајца во англискиот главен град ќе играат и: Рафаел Надал (Шпанија), Новак Ѓоковиќ (Србија), Давид Ферер (Шпанија), Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Томаш Бердих (Шешка) и Рожер Федерер (Швајцарија).

Инаку, денеска во Париз ќе се одиграат четвртфиналните мечеви. Двојките се:

Вавринка – Ѓоковиќ,
Федерер – Дел Потро,
Надал – Гаске и
Ферер – Бердих.

Почетокот на денешната програма е во 14 часот.

Најчитани вести