(ВИДЕО) Атлетико Мадрид повторно на бод до Барселона

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во 11.коло од Примера Дивизија забележаа победа од 2:1 на гостувањето кај Гранада и повторно се доближија на само еден бод до лидерот Барселона.

На другите три вчерашни дуели од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Виљареал – Хетафе 0:2, Атлетик Билбао – Елче 2:2 и Бетис – Леванте 0:0.

Одиграно претходно: Осасуна – Рајо Ваљекано 3:1, Валенсија – Алмерија 1:2, Ваљадолид – Реал Сосиедад 2:2, Селта – Барселона 0:3 и Еспањол – Малага 0:0.

Табела: Барселона 31 бод, Атлетико Мадрид 30, Реал Мадрид 25, Виљареал 20, Атлетик Билбао 20, Хетафе 19,…

Шпанското фудбалско првенство продолжува вечерва со првиот натпревар од 12.коло во кој играат Барселона и Еспањол.

Најчитани вести