Борусија Дортмунд барем до попладнево на врвот на Бундес лигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на отворањето на 11.коло во Бундес лигата убедливо со 6:1 го совладаа Штутгарт и се искачија на врвот на табелата. Дали ќе останат таму по оваа рунда ќе се знае денеска по завршувањето на натпреварот на Баерн Минхен кој гостува во Хофенхајм.

Двојки за денешните натпревари кои почнуваат во терминот од 15 часот и 30 минути: Нирнберг – Фрајбург, Хофенхајм – Баерн Минхен, Хамбургер – Борусија Менхенгладбах, Ајтрахт Брауншвајгер – Баер Леверкузен и Херта – Шалке.

Саботната програма ќе ја затворат Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург со натпреварот од 18 часот и 30 минути.

Последните две средби од овој круг ќе се одржат утре. Аугсбург е домаќин на Мајнц, додека Вердер Бремен го пречекува Хановер.

Табела: Борусија Дортмунд 28 бодови (натпревар повеќе), Баерн Минхен 26 бодови, Баер Леверкузен 25, Борусија Менхенгладбах 16, Херта 15, Волфсбург 15,

Најчитани вести