Возачот на Ред Бул, Марк Вебер имаше најдобро време на денешните квалификации за Големата награда на Абу Даби и со тоа ја оствари втората пол позиција оваа сезона. Веднаш до него ќе стартува неговиот клупски колега и светски првак Себастијан Фетел, додека во вториот ред се двајцата возачи на Мерцедес Нико Розберг и Луис Хамилтон. Слаб резултат на квалификациите имаше Фернандо Алонсо од Ферари, кој го освои 11.место.
Со освојувањето на пол позицијата Вебер ја покажа добрата форма од тренинзите во петокот и саботата.
Стартот на трката е утре со почеток во 14 часот.


