На АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 кој се одржува во Париз во големото финале ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Давид Ферер (Шпанија).
Во шпанската пресметка Ферер по 16 последователни порази го совлада сонародникот Рафаел Надал со 2:0 – по сетови 6:3 и 7:5.
Претходно во првото полуфинале Новак Ѓоковиќ (Србија) го победи швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со 2:1 – по сетови 4:6; 6:3 и 6:2.
Ферер ќе се обиде со победа да ја одбрани титулата освоена минатата година во главниот француски град, додека Ѓоковиќ е во обид повторно да се врати на врвот на АТП листата.


