Лекарите често среќаваат пациенти што останување без здив, болка во градите, вртоглавица и замор. Често тие симптоми се дијагностицираат како астма, апнеја при спиење или COPD. Но понекогаш овие општи симптоми укажуваат на ретка и сериозна болест -ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА (ПХ).
Мисија на Здружението АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА МОМЕНТ ПЛУС Гевгелија е Создавање и одржување на контакти и дијалог меѓу здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, однос кон пулмоналната хипертензија (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјала.
ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА или болеста наречена модри усни.
Ноември е месец на Пулмонална Хипертензија и се е обоено со виолетово, пурпурна боја која ја означува борбата за подигање на свеста за постоење на оваа болест како и овозмозување на соодветни медикаменти.
Тоа е ретка но потенцијално сериозна во некои стадиуми дури и смртоносна, болест на белите дробови што резултира висок крвен притисок во белите дробови. Во моментов во светот се одобрени 12 медицински препарати. Кај понапредните стадиуми на болеста се прибегнува кон трансплантација на бели дробови, или на срце и бели дробови.
Во Македонија нема никакви лекарства регистрирани за оваа болест. Освен силденафил т.е. ВИАГРА..кој не е регистриран за пулмонална хипертензија ами за еректилна дисфункција кој оди приватно и е многу скап .За да се избегнат недоразбирњата околу лекот познат како виагра за пациентите со Пулмонална хипетензија е именуван како РЕВАТИО и кој кошта 500 евра месечна терапија. Без лекот нема воздух за болните.
За таа цел борејќи се 2 години со болеста без лекови направивме напор да се бориме со формирање на здружение на пациенти со Пулмонална Хипертензија, Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент плус.
Сакаме луѓето кои се дијагностицирани да знаат дека веќе и во Македонија има такво здружение и да не се плашат да се јават и пристапат заедно да се бориме.
Потребна е голема борба и за пациентите и за фамилиите со ПХ пациент, обучување и препознавање на болеста од страна на докторите почнувајки од општа пракса па до специјалисти.
ПХ е неизлечива, но поради погрешна дијагноза, многу пациенти добиваат третман премногу доцна.


