Торино ја прекина победничката низа на Рома

По десетте победи во серија, екипата на Рома одигра нерешено на синоќешното гостување кај Торино и им дозволи на конкурентите Наполи и Јувентус да и се доближат на само три бода врвот на табелата.

„Римската волчица“ беше на добар пат да забележи и единаесетти триумф откако поведе преку Кевин Стротман во 28.минута, но домашните фудбалери со голот на Алесио Черчи стигнаа до бод.

11.коло во Серија ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Болоња – Киево (почеток 20:45 часот).

На другите натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Парма – Јувентус 0:1, Наполи – Катанија 2:1, Милан – Фиорентина 0:2, Ливорно – Аталанта 1:0, Верона – Каљари 2:1, Лацио – Џенова 0:2, Сампдорија – Сасуоло 3:4 и Удинезе – Интер 0:3.

Табела: Рома 31 бод, Наполи 28, Јувентус 28, Интер 22, Верона 22, Фиорентина 21,

Најчитани вести