На вчерашната пленарна седница во Собранието на Република Македонија, министерот за здравство Никола Тодоров одговараше на прашањето на пратеникот Горан Мисовски дали ќе си поднесе оставка заради негативниот извештај на државниот ревизор за работењето на Министерството за здравство.
Боречките вештини на министерот за здравство тогаш дојдоа до израз, ама не го смирија, туку напротив, одговараше со многу викање и мавање со рацете, а на крај „си го однесоа“ микрофоните на говорницата.
На неговиот одговор Мисовски врати дека и покрај тоа што викаше, сепак министерот не одговори зошто државниот ревизор му дал негативна оценка.


