По одигрувањето на ноќешните натпревари првите победи во сезоната во НБА лигата ги постигнаа Бостон и Вашингтон, па така само екипите на Јута и на Денвер немаат триумф. За разлика од нив единствена екипа без пораз е Индијана, која има победи на сите пет одиграни дуели.
Резултати на ноќешните десет натпревари:
Шарлот – Торонто 92:90,
Индијана – Чикаго 97:80,
Орландо – Лос Анџелес Клиперс 98:90,
Филаделфија – Вашингтон 102:116,
Бостон – Јута 97:87,
Мемфис – Њу Орлеанс 84:99,
Милвоки – Кливленд 109:104,
Минесота – Голден Стејт 93:106,
Сан Антонио – Феникс 99:96 и
Оклахома Сити – Далас 107:93.
Вечерва се играат три натпревари, а Атланта и Перо Антиќ ќе гостуваат кај Денвер. Покрај овој натпревар играат уште: Мајами – Лос Анџелес Клиперс и Хјустон – Лос Анџелес Лејкерс.


