Компанијата „Џонсон Мети“ денеска ќе пушти во употреба нови производствени погони во фабриката за катализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 – „Бунарџик“, инвестиција во износ од 60 милиони евра. Со реализација на новата инвестиција вкупните вложувања на „Џонсон Мети“ во Македонија достигнуваат околу 120 милиони евра.
Во првата фабрика на англискиот инвеститор во Бунарџик се вработени 450 лица, а се најавува бројката да се искачи на 600 кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет. Раководството на „Џонсон Мети“ очекува проширениот капацитет да им овозможи производство на 7,5 милиони катализатори на годишно ниво од двете фабрики.
Минатата година продажбата на производите од фабриката во Бунарџик на Џонсон Мети изнесуваше 481 милион евра. Целото производство е намането за извоз, а компанијата е еден од најголемите извозници од Македонија.


