НАТО ќе помогне во развојот на црногорското стопанство, изјави во Брисел црногорскиот министер за земјоделство и рурален развој Петар Ивановиќ по средбата со помошникот генерален секретар на Алијансата за нови безбедносни предизвици, Сорино Дукару. На средбата станало збор за ангажманот на НАТО во некои проекти при кои крајни корисници би биле земјоделските производители.
– Тоа би биле проекти кои би го поврзувале НАТО со земјоделството во Црна Гора, било да се работи за деминирање или за отстранување на одредени супстанции кои можат долгорочно да влијаат на квалитетот на земјиштето во Црна Гора, истакна Ивановиќ.


