Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ наведе дека силното евро влијаело на профитот во третиот квартал, но компанијата ќе ја задржи прогнозата за профитот за цела година.
– На нашето работење во третиот квартал негативно влијаеа сериозните валутни турбуленции, изјави извршниот директор на компанијата Херберт Хајнер.
Во периодот јули-септември, нето профитот на „Адидас“ опадна за осум отсто на 316 милиони евра. Бруто профитот е намален за шест отсто на 463 милиони евра, а приходите за седум проценти на 3,87 милијарди евра.


