Кожув и Струмица го отвораат 6.коло во Првата кошаркарска лига

Со натпреварот Кожув – Струмица денеска во Гевегелија од 17 часот и 30 минути ќе започне 6.коло од македонскиот кошаркарски шампионат.

Другите три средби од оваа рунда се закажани за утре. Двојките се: Пелистер Спорт – Куманово, Вардар Апаве – Лирија и Карпош Соколи – Работнички.

Во овој круг слободен е тимот на Фени Индустри кој надвор од конкуренција ќе одигра натпревар со младата селекција на Македонија.

Табела: Лирија 8 бодови, Работнички 8, Струмица 8, Кожув 7, Куманово 7, Вардар Апаве 7, Карпош Соколи 5, Фени Индустри 5, Пелистер Спорт 5.

Најчитани вести