Членот на Манчестер Сити Серхио Агуеро е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за месец октомври.
За напаѓачот на „Граѓаните“ од Манчестер ова е прво вакво признание откако настапува во светло синиот дрес во најсилната фудбалска лига во Англија.
Агуеро изминатиот месец на три одиграни натпревари во Премиер лигата четири пати се запиша во листата на стрелците.
Кај менаџерите признанието за најдобар во октомври му припадна на Маурицио Почетино кој предводејќи го Саутемптон во октомври забележа две победи, а неговиот клуб одигра нерешено на гостувањето кај шампионот Манчестер Јунајтед.


