Ја откри вистинската причина за разводот: Сопругата го оставила славниот фудбалер поради болест

Иако одамна се шпекулираше во медиумите која е причината за разводот на славниот фудбалер Рафаел Ван Дер Варта и неговата сопруга Силви, деновиве таа за списанието „Билд“ ја открила вистинската причина.

Холандската моделка открила дека причината не е тоа што Рафаел ја удрил на прославата за Нова Година, како што пишувале медиумите, туку таа го оставила поради болеста со која се борела долго време.

Силви и Рафаел го имаат заедно седумгодишниот син, Дамијен. Не многу долго по неговото раѓање таа се разболела, имала рак на дојка, а по операцијата и хемотерапијата, лекарите ѝ рекле дека, за жал, таа повеќе не може да раѓа деца.

fudbale_zen
Славниот фудбалер сакал семејство да се прошири, па така оваа несреќа ги раздвоила.

-По завршувањето на терапијата станав друга жена. Повеќе не бев безгрижно и невино девојче како порано. Знам дека Рафаел сака уште деца, па сега ќе има можност да го добие тоа што јас не можам да му го дадам поради мојата болест, изјавила Силви.

Инаку, во моментот Рафаел чека дете со поранешната најдобра другарка на Силви, Саби, поранешна сопруга на неговиот соиграч од Хамбург Калид Булахруз. Нивната врска започна само четири месеци по разводот со Силви.

 

Најчитани вести