(ВИДЕО) Монако „ремизираше“ со Евијан

Екипата на Монако одигра нерешено 1:1 во дуелот со Евијан во првиот натпревар од 13.коло во Француското фудбалско првенство. Гостинскиот тим на Евијан со голот на Данецот, Даниел Вас поведе со 1:0 во 20-та минута. Монако преку Радамел Фалкао успеа да израмни на 1:1 во 27-та минута, но до крајот на натпреварот фаворизираниот тим не успеа да направи комплетен резултатски пресврт иако имаше повеќе шанси да постигне и втор гол. Ова е трет натпревар во низа без победа за тимот на Монако, откако најнапред беше елиминиран од Ремс во Лига купот, а во минатото првенствено коло загуби од Лил.

Во останатите натпревари од 13.коло во Лига 1 ќе играат: Париз Сен Жермен – Ница, Валенсиен – Монпеље, Лориен – Ремс, Гингамп – Лил, Бастија – Рен, Тулуз – Ајачо (сабота), Бордо – Нант, Олимпик Марсеј – Сошо и Сент Етијен – Олимпик Лион (недела).

Табела: Париз Сен Жермен 28 бодови, Лил 26, Монако 26 (натпревар повеќе), Нант 20, Олимпик Марсеј 18, Ремс 18, Сент Етијен 18…

Најчитани вести