Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во индустриската зона „Раброво“ присуствуваше на отворањето на новиот производствен погон на текстилната компанија „Докатекстил“ со којa се заокружи инвестицијата вредна 2,5 милиони евра.
На отворањето инвеститорот Тони Пандев изрази благодарност за помошта од централната и локалната власт без кои, како што истакна, ова немаше да се случи. Тој најави дека ќе продолжи да инвестира во едукација на вработените и во модернизирање на опремата.
– Ова го потврдува фактот дека индустриската зона Раброво е капитален проект на општината која моментно се бори со невработеноста и дека „Докатекстил“ во позитивна смисла дава голем придонес во борбата за подобра иднина на Валандово, рече градоначалникот Николче Чурлиновски.


