Случувањата од 24 декември кои ја одбележаа годината, деценијата или векот на македонската демократија имаат и трајни последици по идентитетот на главните виновници за настанот. Освен министерот и кум на премиерот Ставрески чие уметничко име стана „Кренато раче“ , неколку нови кумови се пријавија и за името на првиот човек на Собранието, Трајко Вељаноски.
Па така меѓу покреативните описни имиња за оваа пригода ги издвојуваме следните усвоени предлози на пратениците Гордан Георгиев, Јани Макрадули, Игор Ивановски и Весна Бендевска.
1. Гордан Георгиев додека зборуваше на говорница му даде описно (индијанско) име на претседателот на македонското Собрание, нарекувајќи го: „Човекот позади мене“.
2. За Јани Макрадули тој е „Поранешен претседател на Собранието“, а придавката „поранешни“ за него стана „титула“ и на сите пратеници од мнозинството.
3. Пратеникот Игор Ивановски го нарече претседателот на македонското Собрание: Партискиот човек од Месен комитет „Мирче Ацев“.
4..А можеби најоригионална од сите и нејзе треба да ѝ „изгоре ќесето“ е пратеничката Весна Бендевска која човекот позади неа го нарече: „Лицето Т.В. од Ѓ.П , родум од Охридско“.
Конкурсот за собранискиот кум е сеуште во тек.


