Перо Антиќ со својата екипа Атланта славеше нова победа во НБА шампионатот.
Тимот на „Хоукс“ во натпреварот одигран ноќеска пред своите симпатизери го совлада Орландо со 104:94 по четвртини 28:22; 18:23; 26:26 и 32:23.
Перо Антиќ на теренот мина 18:15 минути период за кој постигна два поена, а имаше и две асистенции и еден скок.
Следниот натпревар Атланта го игра на гости кај Шарлот во понеделник.


