Надал прв финалист на Мастерсот во Лондон

Шпанецот Рафаел Надал е првиот финалист на завршниот тениски турнир од АТП Мастерс серијата кој се одржува во Лондон.

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал попладнево во првиот полуфинален меч одигран во „О2“ арената, го победи Швајцарецот, Рожер Федерер со 2:0 по сетови 7:6 и 6:3.

Кој ќе биде противник на Надал во финалето, закажано за утре, ќе биде познато по одигрувањето на вториот полуфинален меч кој ќе стартува од 21 часот, а во кој ќе се борат Србинот Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка од Швајцарија.

Најчитани вести