По одигрувањето на натпреварите од 5.коло останаа уште две празни места за влез во главната фаза од Лигата на шампионките во ракомет.
Македонскиот првак Вардар СЦБТ тоа го направи во претходното коло и во последното на гостувањето кај Ларвик во директен дуел ќе решава за првата позиција во групата.
По натпреварите одиграни во текот на викендот пласманот го обезбедија: Митјиланд (група Б) и Крим, Савехоф (Ц група).
Претходно покрај Вардар СЦБТ пласман изборија Ларвик и Ѓер.
За последните две места конкурираат: Хипо, Баја Маре и Турингер (А група) и Будуќност и ФТЦ (Б група).
Резултати од 5.коло:
Д група: Вардар СЦБТ – Бера Бера 30:20, Подравка – Ларвик 19:24.
Табела: Вардар СЦБТ 9 бодови, Ларвик 9, Подравка 2, Бера Бера 0.
А група: Баја Маре – Турингер 20:19, Хипо – Ѓер 27:28.
Табела: Ѓер 10, Хипо 4, Баја Маре 4, Турингер 2.
Б група: Лублин – Будуќност 22:30, ФТЦ – Митјиланд 25:26.
Табела: Митјиланд 8, Будуќност 6, ФТЦ 6, Лублин 0.
Ц група: Лајпциг – Мец 22:25 и Савехоф – Крим 25:25.
Табела: Крим 7, Савехоф 7, Мец 4, Лајпциг 2.
Натпреварите од последното коло се играат следниот викенд на 16 и на 17 ноември.


