Жителите на Минхен и околината ги отфрлија плановите градот да се кандидира за домаќин на Зимските олимписки игри во 2022 година.
Ова го покажуваат првите неофицијални резултати во четирите баварски општини каде беше спроведен референдум и на кој мнозинството жители со право на глас се изјасниле против организацијата на Олимпијадата, пренесуваат германските медиуми.
По ова пропадна заложбата на градоначалникот на Минхен, овој град да биде првиот во историјата кој бил домаќин и на Летните (домаќин 1972 година) и на Зимските игри.
На референдумот гласале 1,3 милиони жители на Минхен, Гармиш Партенкирхен, Бентесгарден и Трауштајн.
Минхен заедно со трите партнерски општини беше кандидат за ЗОИ 2018 година, но тогаш загуби од јужнокорејскиот град Пјонгчанг.
Рокот за кандидатурата за домаќин на ЗОИ 2022 година истекува в четврток, а досега кандидатури поднеле: Осло, Пекинг, Краков, Алма Ата и Лавов.
МОК одлуката за тоа кој ќе биде организатор ќе ја донесе на 31 јули 2015 година.


