Ибрахимовиќ добива поштенска марка

Во Шведска денеска беше соопштено дека на 27 март следната година ќе биде пуштена во продажба поштенска марка со ликот на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.

– Вообичаено на сметките кои ги добивам има марки кои не се многу убави. Можеби сега ќе биде поразлично, е коментарот на Ибрахимовиќ за издавањето на марка со неговиот лик.

Актуелниот член на Пари Сен-Жермен и шведски репрезентативец е кандидат за освојување на „Златната топка“, награда која Светската фудбалска асоцијација – ФИФА ја доделува на најдобриот играч во годината.

Златан Ибрахимовиќ во националниот дрес на Шведска има одиграно 94 натпревари и постигнато 46 погодоци.

Најчитани вести