Партизан се искачи на врвот на табелата во АБА лигата

Јадранската лига од синоќа има нов лидер, откако екипата на Партизан забележа убедлива победа на гостувањето кај Широки со 81:60. „Црно-белите“ по овој триумф се единствената екипа која по седум одиграни натпревари има шест победи и само еден пораз. Македонскиот претставник во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром со три победи и четири загубени средби е на средината на табелата.

Резултати од 7.коло во АБА лигата: Широки – Партизан 60:81, Раднички – Будуќност 72:86, Црвена Звезда – Цедевита 73:59, МЗТ Скопје Аеродром – Крка 80:75, Цибона – Мега Визура 98:96, Шолнок – Олимпија 62:71 и Задар – Игокеа 79:80.

Табела: Партизан 6-1 (победи-порази), Црвена Звезда 5-2, Будуќност 5-2, Цедевита 5-2, Цибона 4-3, Игокеа 4-3, МЗТ Скопје Аеродром 4-3,…

Најчитани вести