Германскиот „Spiegel“ објавува репортажа за Скопје, насловена како „Националната реконструкција на Македонија: Град тоне во кич“ и процесот на негово планско „разубавување“.
„Македонската економија е во длабока криза. Владата се уште инвестира огромни суми во нејзиниот престижен проект – реконструкцијата на главниот град Скопје со низа палати и златни статуи. Критичарите од областа на архитектурата се згрозени. Пред нас се издига фонтната на „Воинот“. Боите се црвена, жолта, сина, виолетова. Низ млазот на водата од фонтаната се гледаат намуртените лица на осумте бронзени воини. Високо над нивните глави се перчи Александар Велики со мечот исукан и насочен кон небото. Од звучниците ечи Вагнер и Чајковски. Фонтаната се осветлува во ритамот на музиката. Споменикот на плоштадот „Македонија“, во срцето на главниот град, е автентичен исто колку репликата на Големиот канал во Лас Вегас“.


