Владо Илиевски нов член на чешкиот Нимбрук

Чешката екипа „Нимбрук“ ќе биде новиот клуб на македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски.

Илиевски со чешкиот тим потпишал договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Инаку, Илиевски по завршувањето на Европското првенство во Словенија, немаше ангажман, а својата форма ја одржуваше тренирајќи во Љубљана со тимот на Хелиос. 33-годинишниот Илиевски зад себе има богата кариера играјќи во повеќе реномирани европски клубови.

Кариерата ја започна во родната Струмица, а преку белградски Партизан мина во Унион Олимпија.

Илиевски беше дел и од најсилната АЦБ лига во Шпанија како член на Барселона и Тау Керамика, играше и во италијанските клубови Монтепаски од Сиена, Лотоматика Рим, Болоња, во Турција го носеше дресот на Анафолу Ефес од Истанбул и Анталија, а последните две сезони беше член на Локомотив Кубан и загребска Цедевита.

Најчитани вести