Јавниот долг на Албанија достигна 6,23 милијарди евра

Албанија се гуши во долгови, констатираат албанските медиуми пренесувајќи бројки за задолженоста на државата.

Како што јави дописникот на МИА, заклучно со септември годинава јавниот долг на Албанија се зголемил за 5,3 отсто и достигнал 6,23 милијарди евра.

Според албанското Министертво за финансии, во периодот јануари-септември 2013 година државата во просек дневно се задолжувала по 1,15 милиони евра.

Домашниот производ бил трипати понизок и изнесува 1,7 отсто. Споредено со 2011 година, долгот се зголемил за 711 милиони евра, додека споредено со 2009 година тој е повисок за 28 отсто.

И покрај предупредувањата на ММФ дека долгот не смее да ја надмине критичната граница од 60 отсто од БДП, тој достигнал 64,36 отсто.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести