Кошаркарите на Куманово ја забележаа втората победа во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Попладнево, пред својата публика екипата на Куманово славеше победа во дуелот со тимот на Пеќ од Косово, совладувајќи го со 93:85 , по четвртини 18:19, 20:17, 19:13 и 27:26.
Најефикасен на натпреварот беше Иван Мишковиќ со 24 постигнати поени за Куманово во чии редови уште четворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.
Во рамките од 4.коло на БИБЛ лигата денеска се одигра и натпреварот меѓу Левски и Теодо во кој домаќините славеа победа со 91:85.
Утре вториот македонски претставник во ова натпреварување, екипата на Кожув утре во Гевгелија од 17 часот и 30 минути ќе го започне својот натпревар против романската екипа Крајова.
Табела: Левски 2-2 (победи-порази), Сигал 2-1, Кожув 2-1, Крајова 2-1, Куманово 2-1, Галил Гилбоа 2-0, Балкан 1-2, Теодо 1-3, и Пеќ 0-3.


