Американската виза проблем за Робињо да заигра повторно за Бразил

Бразилецот Робињо не можеше да отпатува за САД поради проблеми со визата информира „Тутоспорт’’. Тој е на списокот бразилски репрезентативци кои во сабота во Мајами ги очекува пријателски, контролен натпревар со фудбалската репрезентација на Хондурас.

Останува непознато дали напаѓачот на италијанскиот Милан, сепак ќе му биде дозволен влез во САД, односно дали ќе може да настапи за „Кариоките’’.

Инаку, Робињо за прв пат по пауза од пет години е на поширокиот список на играчи во репрезентацијата на петкратниот светски шампион и домаќин на претстојниот Мундијал во 2014 година.

Најчитани вести