Прошталното шоу започна на Stazione Leopolda во Фиренца, каде Фелипе собра громогласни овации од публиката, перформансот продолжи на патеката Мугело, каде настапи со болидот F10, заедно со ветеранот Марк Хене. Бразилецот токму на таа патека прв пат испроба еден F1 болид, кога во 2001 година го тестираше „Заубер“. По 12 години, Фелипе Маса го завршува својот ангажман во тимот на Ферари, на неговото седиште ќе седне Кими Раиконен.
– Имав среќа што со Ферари направив голема кариера и тоа подолго од што во почетокот сонував. Кога како дете почнав да возам картинг, имав Ферари комбинезон. Иако Сена возеше за Мекларен, а Пике во Вилијамс, јас навивав за Ферари. Во тимот имав многу пријатели, кои ќе ми недостигаат. Исто така ќе ми недостигаат сите убави денови кои ги минав во фабриката на Маранело – изјави Маса на манифестацијата Светско Ферари финале 2013.
Последните две трки за Ферари, Фелипе Маса ќе ги вози во американскиот Остин и на домашен терен во Бразил.


