Екипата на Алба Берлин каде настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски ја постигна и четвртата победа во групата од Еврокупот, а Македонецот постигна 12 поена.
Во натпревар од 5.коло Алба славеше триумф од 77:57 на теренот на Монс (Белгија) и сега со Данкерк од Франција се на делба на првото место со скор 4-1 (победи – порази).
Војдан Стојановски на теренот мина 15:37 минути и имаше шут 2/2 за два поена; 2/4 за три поени; 2/2 за еден поен, 4 скокови, 1 асистенција и 2 грешки.
Најефикасен на натпреварот беше клупскиот колега на Стојановски, Дејвид Логан со 20 поени.


