Во НБА лигата на сите четири натпревари одиграни ноќеска се радуваа домашните тимови.
Шампионот Мајами беше предводен од Леброн Џејмс, за нов триумф. Леброн постигна 33 поени и е еден од петте играчи во историјата на НБА што на повеќе од 500 натпревари има двоцифрен број поени.
„Жешките“ на дуелот со Милвоки шутираа „тројки“ со повеќе од 50% успешност – 12 погодени од 23 обиди.
Резултати на ноќешните натпревари: Мајами – Милвоки 118:95, Далас – Вашингтон 105:95, Голден Стејт – Детроит 113:95 и Лос Анџелес Лејкерс – Њу Орлеанс 116:95.
Вечерва се играат 12 натпревари, а Атланта на нашиот Перо Антиќ е домаќин на Њујорк. На другите дуели двојките се: Орландо – Милвоки, Филаделфија – Хјустон, Бостон – Шарлот, Мемфис – Торонто, Минесота – Кливленд, Сан Антонио – Вашингтон, Денвер – ЛА Лејкерс, Јута – Њу Орлеанс, Портланд – Феникс, Сакраменто – Бруклин и ЛА Клиперс – Оклахома Сити.


