Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го заврши настапот во 1.коло на фјучрсот во Анталија. Ѓорческа на противничката од Турција Јагмур Акдемир и препушти само еден гем и мечот го доби со 6-1 и 6-0 во сетови.
Противничка во следното коло на македонската тенисерка ќе и биде поуспешната од дуелот на двете Холанѓанки, Стефани Тедја Абди и Јанеке Викеринк.
Ѓорческа попладнево ќе има настап и во игра на двојки.
Во рамки на четвртфиналето заедно со Анастасија Вдовенко (Молдавија) ќе играат против втората македонска тенисерка која игра на турнирот Магдалена Стоилковска и Турчинката Еге Томеи.


