Робен ја сонува мундијалската титулата

Членот на Баерн Минхен и еден од најдобрите холандски фудбалски репрезентативци Арјен Робен, денеска изјави дека Холандија може да го освои Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Бразил.

– Нашата крајна цел е освојување на Мундијалот во Бразил. Тоа е реално достигнување за овој тим и нема да одиме таму само за да видиме до каде може да дотуркаме. Мораме да ја поминеме групната фаза како знаеме и умееме, а потоа се насочуваме кон титулата, рече Робен.

Тој поради отсуството на Робин ван Перси ќе биде капитен на холандската репрезентација на претстојните пријателски средби со Јапонија и Колумбија.

– Секако дека е голема чест да бидеш капитен на националниот тим и тоа е убава работа. Поради тоа не чувствувам дополнителен притисок, но одговорноста е поголема и знам што очекуваат навивачите од мене. Капитенската лента нема да ме смени и секогаш ќе останам ист, истакна Робен.

Актуелниот играч на Баерн Минхен во дресот на „лалињата“ има одиграно 72 натпревари и постигнато 21 гол, а во клупската кариера освен за баварскиот тим, настапувал и за Реал, Челзи, ПСВ Ајндховен и Гронингем.

Најчитани вести