Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа убедлив пораз со 24 поени разлика, на гостувањето во Казан, Русија кај екипа на Уникс во натпревар од Еврокупот.
МЗТ Скопје, попладнево се поразени од Уникс со 85:61 по четвртини 29:13, 19:12, 21:23 и 16:13, во дуел од 5.коло на групата Г.
Разликата во квалитет беше јасна уште по првата четвртина која рускиот тим ја доби со 16 поени разлика (29:13), а до крајот на полувремето Уникс предноста ја зголеми на +23 поени (48:25).
Најефикасен во победничкиот тим беше Ендрју Гуделок со 20 поени.


