Ѓорческа повторно четвртфиналистка во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина и втората пречка на фјучерс турнирот во Анталија. Со победата над холандската тенисерка Јанеке Викеринк, Ѓорческа повторно се избори за четвртфинале (играше и минатата недела).

Македонската тенисерка двата сета ги доби со 6:3 и 6:1 во гемови и притоа ги искористи сите седум брејк можности.

Следна противничка во четвртфиналето ќе и биде Бјанка Хинку од Романија, која денеска ја победи Јапонката Томоко Докеи со 2-0 во сетови.

Во игра на двојки Ѓорческа со Анастасија Вдовенко (Молдавија) попладнево играат полуфинален меч против Јапонките Наги Ханатоми и Киока Окамура.

Најчитани вести