Сан Франциско вчера беше Готам сити, само да му ја исполни желбата на едно болно дете кое многу сака да биде Суперхерој.
Се работи за петгодишниот Мајлс, кој три години боледува од леукемија и има една голема желба: сака да биде Суперхерој, а човекот лилјак му е омилен.
Во придружба на големиот Бетмен, препознатливиот автомобил, облечен во костим, но и мал Робин, детето цел ден се бореше со криминалот, поддржано од многу луѓе, за на крај на посебна свеченост да му се предадат клучевите од градот, исто како што е во филмот.
Хуманитарната организација „Make-a-Wish“ се одлучила на ваков чекор за да му го ублажи стресот на малото дете кое долго време се бори со болеста и таа ја организираше целата оваа манифестација:Сан Франциско го направи Готам сити како животно изненадување за петгодишното момче.
За да изгледа сè пореално и во ниту еден момент детето да не се посомнева, хуманитарната организација побарала помош од институцииите, од полицијата, како и од илјадници и илјадници волонтери кои учествуваа во оваа добротворна акција, а кон акцијата се приклучија и граѓаните на Сан Франциско, на кои не им пречеше воопшто да бидат дел од желбата на малиот Мајлс.
Откако Баткид го спаси Готам сити и го ослободи од криминалците, веднаш се појавија и весници на кои тој е на насловната страна, телевизиите објавија за она што се случува во Готам сити, а шефот на полицијата му се заблогадари за спасувањето на градот.
Социјалните мрежи ги преплавија пораки за благодарност до Малиот Бетмен, а претседателот на САД, Барак Обама испрати специјална порака.
Малиот Мајлс пресреќен правеше сè што е потребно за својот омилен Готам Сити и беше суперхерој еден ден, замина среќен во својот дом, а покрај него и сите оние кои му помогнаа тоа да биде.







