Жената која го намали неказнувањето во Гватемала

Првата жена државен обвинител во Гватемала, успеа да го намали неказнувањето во земјата каде 90 проценти од убиствата остануваат нерешени.

Прашањето е дали промените ќе исчезнат кога на државниот обвинител Клаудија Паз и Паз ќе и заврши мандатот во декември 2014 година.

Никогаш претходно шеф на држава не бил суден заради геноцид во неговата земја, никаде во светот. Но Паз и Паз успеа да го изведе поранешниот диктатор Ефраин Риос Монт пред суд – и покрај фактот дека финалниот исход виси на конец. Четириесет и шест годишната Паз и Паз исто така издржа на позицијата јавен обвинител и успеа да создаде резултати без преседан во казните за убиства, силувања, изнудувања и киднапирања. И таа успеа да го направи сето ова во единствената замја на светот каде Обединетите Нации во конјункција со владата, во 2007 година основа меѓународна комисија против неказнувањето (ЦИЦИГ).

Гватемала се смета за една од најнасилните земји во светот, со стапка на убиства од 46 на 100.000 луѓе во 2009 година.

Првата промена која ја воведе Паз и Паз беше имплементација на систем за евалуација на успешноста во канцеларијата на јавниот обвинител.

Обвинителите кои ќе решеле најмногу случаи биле наградувани со можност за унапредување, додека оние кои остварувале слаби резултати морале да објаснат зошто не успеале да ги остварат целите и притоа можат да се соочат со процес на дисциплинирање ако биде откриена небрежност, рече Паз и Паз за ИПС. Скоро 80 проценти од обвинителите кои поминале две децении на оваа позиција како јавни обвинители, и биле на возраст помеѓу 65 и 75 години, одлучиле да се пензионираат кога новиот систем стапила на сила.

Тоа го отвори патот за помладите обвинители кои се подобро квалификувани, за да ги спроведуваат форензичарските докази и да бидат промовирани во шефови на оддели и обласни обвинители.

Уште еден чекор напред бил со ставање приоритет на насилството против жените. Под раководството на Паз и Паз, специјална единица која функцонира 24 часа била отворена во канцеларијата на јавниот обвинител, што овозможило судиите да издаваат неограничени наредби и други мерки на претпазливост против агресорите за кратко време, без да мора жртвата да оди од канцеларијата на јавниот обвинител во судот.

Покрај ова, новиот систем за евалуација користи анкети за да ги испита жртвите кои поднеле жалба дека биле лошо третирани, и дали доживеале дискриминација.

Анкетите довеле до отпуштање на обвинител во северната провинција Сан Маркос заради сексуални напади на млада жена, која отишла во неговата канцеларија за да пријави дека била силувана.

Канцеларијата на јавниот обвинител исто така успеала да растурат тргување со дроги, изнудувања и рекетирања со киднапирања, благодарејќи на „проактивните
истраги, на фикусирање на нелегалните пазари, или на криминалните структури“, рече Паз и Паз.

Во јуни 2012, судот во Гватемала прогласил 36 члена на Лос Зетас – злогласниот насилен мексикански картел – за виновни заради киднапирања, убиства и напади врз безбедносните сили. Тие биле осудени на меѓу две и 158 години затвор.

– Канцеларијата на државниот обвинител, водена од Клаудија Паз и Паз, и подржана од ЦИЦИГ, направи значаен пробив, рече за ИПС политичкиот научник Хуан Карлос Гарзон, вонреден експерт од вашингтонскиот Вудроу Вилсон меѓународен ценар за професори. „Поранешнот претседател беше суден, а тајните структури почнаа да излегуваат на светлина на денот“.

Портиљо и Риос Монти: контроверзни случаи

Еден друг многу чувствителен случај беше обвинувањето за поранешниот претседател Алфонсо Портиљо, кој беше екстрадициран во САД во мај, за да се соочи со обвинувањето за конспирација за перење пари за време на мандатот 2000-2004 година.

Уставниот суд ја дозволи екстрадицијата на Портиљо во 2011, но фактот дека тој сеуште се соочува по обвинувањата во судот во Гватемала, го отвори прашањето даали неговата ескстардиција била легална.

– Екстрадицијата на Портиљо беше насила извршена, и е преполна со нерегуларности, рече за ИПС Лизандро Акуња, истражувач од областа на правдата и безбедноста во Институтот за национални проблеми при Унзиеритетот во Сан Карлос.

Во меѓувреме, судењето против Риос Монт продолжува. Од канцеларијата на јавниот обвинител приложија докази и изјави од експерти и сведоци, за да покажат дека геноцидот бил извршен над домородната заедница Иксил Маја за време на претседателствувањето на Риос Монт во 1982 – 1983 година.

Обвинувањата вклучуваат наредби до вооружените сили за убиство на најмалку 1,771 припадник на домородното Иксил, и силување на 1,485 девојки и жени за време на неговото 17-месечно владеење – најкрвавиот период од граѓанската војна која траеше од 1960 до 1996 година.

Во мај, Риос Монт беше осуден на 80 години робија. Но Уставниот суд го отфрли обвинението само 10 дена подоцна, како одговор на едно од бројните проблеми презентирани од одбраната.

Уставниот суд нареди повторно судење, откако пресуди дека процесот треба да се врати на 19 април, кога еден од судиите го распуштуил судењето заради спор со друг судија во врска со тоа кој треба да суди.

Судењето потоа го поларизирало јавното мислење, меѓу оние кои ги бранеле акциите на војската и оние кои барале правда за жртвите од вооружениот конфликт, кога се претпоставува дека биле убиени 250,000 воглавно Маја индијанци од планините.

Рикардо Мендез Руиз, претседателот на десничарската Фондација против тероризмот, составен од пензионирани членови на војската и членови на нивни семејства, ја обвинија Паз и Паз за „спроведување на лов на вештерки против војниците“.

Во 2011, Мендез Руиз поднесе тужба против 26 поранешни членови на Герилската армија на сиромашните (ЕГП), која била активна за време на граѓанската војна – вклучувајќи и двајца роднини на јавниот обвинител: Маргарита и Лаура Хуртадо Паз и Паз, кои ги обвини дека го киднапирале него во 1982 година.

Но Паз и Паз рече дека расчистувањето со прекршувањето на човековите права извршени за време на вооружениот конфликт „не е наклонета акција, туку се работи да се биде одговорен за задачите кои се бараат од јавен обвинител“.

Додека случајот против Риос Монт е закажан за отварање во април 2014 година, преживеаните и сведоците кои сведочеле против него на првото судење пријавиле дека биле цел на навреди и закани.

Државниот обвинител сеуште не најавил дали ќе побара нов термин за судењето.

Таа вели дека е цврста во задачата за институционализирање на промените која ги вовела во канцеларијата на државниот обвинител, и предупредува дека ако нејзиниот наследник не сака да продолжи со реформите, тогаш прогресот кој е направен ќе пропадне.

Гарзон рече: „Таа направи огромен напор во зацврстувањето на самата институција. Прашање е дали нејзиниот наследник ќе биде способен да ја одржува атмосферата по нејзиното отстуство кога неа ќе ја нема“.

– Што сакаат политичките сили? Да го уништат она што го направи канцеларијата на државниот обвинител или да продолжи по патот кој штотуку започна да се оди? Тоа е политичко прашање, а исходот е многу неизвесен, рече тој.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести