Шојбле: Дополнителна финансиска помош за Грција е можна следната година

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека дополнителната финансиска помош за Грција е можна следната година, но не ја прифати идејата за евентуално ново отпишување на грчкиот долг, пишува весникот „Етнос“. – Грција има најголеми проблеми од сите земји погодени од кризата. Тоа бара повеќе време, за да може повторно да застане на нозе. Пред изборите во Германија веќе кажавме дека треба да видиме до средината на следната година дали ќе доставиме дополнителна помош за Грција по истекувањето на рокот на сегашната програма за фискална консолидација на крајот од следната година. Секако дека тоа ќе се случи, доколку Грција ги исполни ангажманите, рече Шојбле за германскиот весник „Билд“.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести