Екипата на Каљари за која настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими се спаси од пораз во попладневниот натпревар со Сасуоло. Каљари губеше со 2:0, а по влегувањето во игра на Ибраими во 69.минута, само четири минути подоцна домаќините намалија на 2:1, за до бод да стигнат со гол во 87.минута кога беше поставен конечниот резултат 2:2.
На другите денешни средби од 14.коло вo Серија А постигнати се овие резултати: Катанија – Милан 1:3, Аталанта – Рома 1:1, Киево – Ливорно 3:0 и Интер – Сампдорија 1:1.
Вечерва играат: Јувентус – Удинезе.
Вчера: Парма – Болоња 1:1, Џенова – Торино 1:1.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите: Фиорентина – Верона и Лацио – Наполи.
Табела: Рома 34 бодови (14 натпревари), Јувентус 34 (13), Наполи 28 (13), Интер 27 (14), Фиорентина 24 (13), Верона 22 (13),


