Играчот на Јувентус Пол Погба е прогласен за најдобар млад фудбалер на Европа во изборот на италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.
Французинот овој трофеј го освои во конкуренција на 40 фудбалери до 21 година кои беа номинирани за награта.
– Горд сум поради трофејот кој ја одбележал кариерата на сите големи фудбалери. И минатата година бев на листата од 50 кандидати, но бев премлад и не играв доволно натпревари за рамноправно да конкурирам, изјави добитникот на трофејот „Златно момче 2013“.
Погба победи пред Белгиецот Ромел Лукаку (Челзи) и германскиот фудбалер Јулијан Дрекслер (Шалке).
Фудбалерот на италијанскиот шампион е првиот Французин добитник на оваа награда која се доделува од 2003 година.
Некои од освојувачите на досегашните избори се: Вејн Руни (2004), Лионел Меси (2005), Цеск Фабрегас (2006), Кун Агуеро (2007), Иско (2012).


