Украден накит и девизи од куќа во тетовско Радиовце

Околу 120 илјади денари штета претпел С.Б.(60) од тетовското село Радиовце откако вчера околу 23 часот непознати лица извршиле тешка кражба на накит „Сваровски“ и поголема количина девизи во неговата куќа.

– Непознатите лица го искористиле моментот додека домашните не биле во куќата и откако влегле во дворот насилно ја отвориле балконската врата по што од фиока на комода во спалната соба одзеле комплет накит Сваровски а потоа од подрумот што бил адаптиран како дневна соба одзеле 1.000 швајцарски франци, 500 американски долари, 200 дански круни и 800 денари,  изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Потоа незабележани од никого непознатите избегале во непознат правец. Полицијата работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести