Се возеле во такси и платиле со фалсификувана банкнота од 1000 денари

Таксистот М.И.(48) од тетовско Синичане вчера пријавил во полиција дека две лица се обиделе да му подметнат фалсификувана банкнота од 1.000 денари за да му платат за превозот од Синичане до Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Според пријавата на таксистот, вчера околу 21:30 часот две помлади непознати лица побарале  со неговото такси возило да ги однесе од селото Синичане до угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово.

– Откако таксистот го сторил тоа тие му платиле со банкнота од 1.000 денари на што тој им вратил кусур од 880 денари. Веднаш откако двајцата непознати заминале таксистот забележал дека банкнотата е фалсификат по што почнал да трча по двајцата и стигнал еден од нив кој му ги вратил парите што ги добил како кусур но не сакал да ја земе фалсификуваната банкнота назад по што заедно со својот другар избегале. Таксистот го пријавил потоа случајот во полиција, рече Јосифовски.

Ова е втор случај за два дена во тетовско на идентичен начин на таксист да му се плати за услугата со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести