Екипата на Јувентус синоќа славеше победа на гостувањето кај Болоња, со 2:0 во воведниот натпревар од 15.коло на Серија А.
До новите три бодови лидерот на табелата Јувентус, стигна со головите на Артуро Видал (12-мунута) и Џорџио Киелини (90).
Денеска и утре се играат останатите девет натпревари, а двојките се: (сабота) Ливорно – Милан, Наполи – Удинезе, (недела) Рома – Фиорентина, Торино – Лацио, Сасуоло – Киево, Сампдорија – Катанија, Верона – Аталанта, Каљари – Џенова и Интер – Парма.
Табела: Јувентус 40 бодови (натпревар повеќе), Рома 34, Наполи 31, Интер 27, Фиорентина 27.


