Од автомат клубот „Сенатор“ вчера одземени околу 200 илјади денари

Во автомат клубот „Сенатор“ на булеварот „Октомвриска револуција“ вчера околу 8 часот е извршено разбојништво при што се одземени околу 200 илјади денари.

Кражбата ја извршило маскирано вооружено лице кое носело фантомка на главата и заштитна кацига за мотор во раката. Откако влегол во клубот побарал од вработената М.Н. (22) и хигиеничарката С.Д.(48) да му ги дадат парите по што избегал. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести