Со натпреварот меѓу Црвена Звезда и Задар што се игра вечерва ќе биде комплетирано 11. коло од АБА лигата. Со победа „црвено-белите“ повторно ќе се вратат на првата позиција на табелата и овојпат ќе бидат сами, бидејќи конкурентите за врвот Партизан и Цедевита ги загубија натпреварите.
Пораз во ова коло по продолжение доживеа и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето во Широки Брег кај Широки.
Преглед на резултатите од 11. коло: Широки – МЗТ Скопје Аеродром 67:63, Будуќност – Цедевита 64:60, Раднички – Крка 84:77, Шолнок – Партизан 76:71, Цибона – Игокеа 74:82 и Унион Олимпија – Мега Визура 88:75.
Табела: Партизан 19 бодови, Цедевита 19, Црвена Звезда 18, Цибона 18, Будуќност 18, Игокеа 18, Мега Визура 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Раднички 15, Крка 15, Шолнок 15, Задар 14, Унион Олимпија 14, Широки 14.


