Според астролозите и нумеролозите, денешниот датум 11.12.`13 е посебно моќен и би можел да означи нов почеток – во образованието, кариерата, а за оние кои имаат таква желба, и за добивање дете.
Единаесетиот ден во дванаесетиот месец во тринаесеттата година од милениумот очигледно е посебен, и станува збор за последниот ден кој во себе има три последователни број во следните 90 години.
Само бројот 11 е доволно моќен, бидејќи се однесува на близнаци, па оние кои очекуваат деца можат да се надеваат токму на тоа.
Астрологот Дајвигна Шарма вели дека денешниот датум е идеален за започнување долгорочни планови.
– Ако некој планира да почне со градење на куќа, хотел, болница, училиште…денеска е идеален момент за тоа. Исто така, оние кои се заглавени во некоја долга судска постапка, нов почеток би можел да направи чуда. За професионалците, тоа е датум за добивање брилијантни нови идеи, вели Шарма.
Кога ќе се соберат цифрите од датумот 11.12.13 се добива бројот девет, кој се смета за среќен во Индија и Кина и кој носи долговечност. Илјадници двојки ширум светот токму денеска се венчааваат бидејќи веруваат дека бракот ќе трае долго.
Првиот следен датум кој ќе содржи последователни броеви е 1.2.2103 (1/2/3).


