Мажите веруваат дека жените имааат тендеција да бидат комплицирани, а за некои работи тие и навистина се такви. Поточно, кога една жена не е во врска, најчесто мисли дека дека токму врската е остварување на сонот, но кога ќе започне врска, таа понекогаш носталгично се потсетува на моментите кога била сама.
Понекогаш таа успева да ја победи носталгијата, а чувството кога некое убаво момче ќе ѝ го побара бројот, сигурно нема да се повтори кога е во врска.
Исто така, слободата во одреден момент да си замине од друштвото кое ја нервира, или одеднаш сама да појде на планина или на море, во врска повеќе не постои.
Без многу размислување таа тогаш можела да замине било каде и да прави сè што ќе посака без да размислува на други луѓе, што во врска е неизбежо.
Празниот кревет понекогаш исто така е носталгична тема на размислување, особено ако се разбудите во три наутро, а покривката ја собрал партнерот, кој сам се завиткал и грчи гласно.
Во тие моменти, празниот и миризлив кревет изгледа како недосонуван сон.
И се разбира, она за што секоја жена најмногу тагува додека е во брак или во врска е времето за себе и за своите мали задоволства. Моментите кога можеча да ужива во полната када и миризливите соли, кога можела на раат да ја погледа својата омилена серија или филм, да може да зготви на брзина нешто што само таа го сака.


