На местото на соборениот споменик на Ленин, Украинците ќе го постават Аминта Трети

Репортерите на “Коза ностра” од Киев ексклузивно дознаа зошто е соборен споменикот на Ленин – затоа што опозицијата на негово место сака да го постави Аминта Трети. На тој начин Украина би фатила чекор со модерните демократии во светот каде што Ленин одамна е заменет со Аминта Трети. Еден милион демонстранти кои се на улиците на украинскиот главен град и милиони кои ги поддржуваат ширум земјата се решени еднаш засекогаш да раскрстат со комунистичкото минато и да ги пронајдат своите антички македонски корени.

Како што научната јавност знае, а неодамна потврди и археологот Крешо од Хрватска, Словените се всушност антички Македонци.

Првите луѓе на ЕУ на последниот европски самит во Брисел констатираа дека вратите на Унијата за Украина остануваат отворени, но потенцираа дека соборувањето на еден споменик не е доволно, треба да се преименуваат и сите улици кои го носат името на предводникот на комунистичката револуција.

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести